Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ ќе ги ублажи строгите климатски правила за да ги смири протестите на земјоделците

Европската комисија  ќе предложи измени во програмата Заедничка земјоделска политика, која на земјоделците им нуди субвенции во замена за исполнување на целите за животната средина, по протестите на земјоделците ширум Европа, јави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Се очекува дека Европската комисија ќе даде предлози уште в петок со цел дополнително да се намали административното оптоварување на земјоделците, да се обезбеди фер конкуренција и да се зајакне нивната позиција во синџирот на снабдување со храна.Тој план ќе биде клучна тема на состанокот на лидерите на ЕУ следната недела во Брисел.

Зачлени се на нашиот е-билтен