Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов земјотрес во Црна Гора, епицентарот во близина на границата со Босна и Херцеговина

Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора. Епицентарот бил на четири километри југозападно од Чараѓе, во општина Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина.

Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија во Погорица сопшти дека земјотресот е регистриран во 6 часот и 11 минути, во епицентралното подрачја на Никшиќ на длабочина од 14 километри.

Земјотресот е почувствуван и во Мостар во Босна и Херцеговина, како и во крајбрежните градови во Хрватска.

Регионот на Никшиќ во четвртокот беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.с

Зачлени се на нашиот е-билтен