Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хамас не ја прифаќа одлуката на Абас да назначи нов палестински премиер

Исламистичката група Хамас се спротивстави на одлуката на палестинскиот претседател Махмуд Абас да го назначи неговиот близок соработник Мохамед Мустафа за нов премиер, со мандат да помогне во реформите на палестинската управа и обновата на Газа.

Хамас соопшти дека одлуката е донесена без нивна консултација, и покрај неодамнешниот состанок во Москва, на кој присуствувале и претставници на движењето Фатах на Абас, организран со цел да се стави крај на поделбата меѓу палестинските фракции.

– Донесувањето индивидуални одлуки како што е формирање влада без национален консензус само ја продлабочува поделеноста. Во време на војна со Израел, на Палестинците им треба обединето раководство за да подготват слободни и демократски избори на кои ќе учествуваат сите општествени групи, порача Хамас.

Фатах му возврати на Хамас обвинувајќи го радикалното движење за она што се случува на Газа „по едностраната авантура на 7 октомври“.

– Дали Хамас се консултира со палестинското раководство кога преговара со Израел и нуди отстапки за да обезбеди за возврат гаранции за личната безбедност на своите водачи?, праша Фатах.

Зачлени се на нашиот е-билтен