Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН и педесетина земји го осудија одржувањето на руските претседателски избори на окупираните територии во Украина

 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и педестина земји-членки на светската организација го осудија одржувањето на руските претседателски избори на териториите во Украина окупирани од Русија.

– Генералниот секретар ги осудува напорите на Москва да ги организира своите претседателски избори на украинските територии окупирани од Руската Федерација. Нелегалниот обид за анексија на украински територии не е валиден според меѓународното право, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.

Тој ја повтори посветеноста и поддршката на светската организација за „независноста и територијалниот интегритет на Украина“, пренесува Бета.

Помошничката на генералниот секретар на ОН за политички прашања, Розмари Ди Карло, за време на состанокот на Советот за безбедност посветен на изборите во Русија, истакна дека нивното одржување на украинските територии контролирани од Москва е „неприфатливо“.

– Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина оцени дека претходните таканаречени референдуми и локални избори биле одржани во принсилна средина. Според меѓународното право, окупаторската сила, во овој случај Руската Федерација, е должна да ги почитува законите на Украина на окупираните територии, додаде Ди Карло.

Во заедничката изјава прочитана од украинскиот амбасадор во ОН Серхиј Кислиција, повеќе од 50 земји, меѓи кои САД, Франција, Велика Британија, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја и други, исто така се осудува одржувањето на руските претседателски избори во неколку украински региони.

– Организирањето избори во друга земја-членка на ОН без нејзино одобрение е јасно непочитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет, се наведува во заедничката изјава, потсетувајќи на резолуциите на Генералното собрание на ОН за ова прашање.

Генералното собрание на ОН досега во повењќе резолуции ја осуди руската инвазија на Украина. Во октомври 2022 година, ги осуди „незаконските анексии“ на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон по одржувањето на „незаконски референдуми“ со укажување дека овие активности „немаат важност“ според меѓународното право.

Помошникот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитри Полјански, изјави дека нема да ги коментира „апсолутно непростливите“ обиди за мешање во внатрешните работи на неговата земја.

– Нашата кауза е праведна и ќе триумфираме! Тие територии се административно и политички дел од Русија, без огледа дали тоа му се допаѓа некому или неа, рече Полјански.

Претседателските избори во Русија се одржуваат од петок до недела, а според предизборните проценки речиси е сигурно дека Владимир Путин ќе добие нов шестгодишен мандат.

На овеи избори гласаат и жителите на четирите украински региони – регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година.

Според руски извори, во окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон се повикани да гласаат вкупно околу 4,5 милиони луѓе. На изборите гласаат и жителите на црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново