Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ден на жалост во Одеса, бројот на загинати во вчерашниот руски напад достигна 21

Бројот на загинатите во Одеса во вчерашниот руски ракетен напад се зголеми на 21 лице, објави на Телеграм претседателот на Регионалната воена управа, Олег Кипер, пренесува БТА.

Во болниците се хоспитализирани 40 повредени, од кои девет се во тешка состојба.

– Ова е најмасовниот руски терористички акт во Одеса според бројот на жртви, наведува регионалниот гувернер Липер во пораката на Телеграм.

Во украинскиот црноморски град и регионот Одеса денеска е прогласена жалост за загинатите.

Зачлени се на нашиот е-билтен