Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Десет морнари повредени во пожар на британски носач на авиони во Шкотска

 Десет морнари се повредени во пожар што избувнал на носачот на авиони „Кралица Елизабета“ на британската морнарица, јавуваат денеска медиумите во Велика Британија.

Според „Мирор“ и „Дејли меил“, бродот вреден 3 милијарди фунти се запалил минатата недела додека бил закотвен во пристаништето Гленмален во Шкотска. Пожарот избувнал во делот за климатизација на спалните соби на морнарите и притоа се уништени околу 100 кревети. 

Екипажот и шкотската противпожарна служба спречиле пожарот да се прошири.

Бродот во Гленмалан требало да истовари муниција, но кога избувнал пожарот, на морнарите им било наредено да се евакуираат.

Британските медиуми нагласуваат дека пожарот настанал кога дел од екипажот имал слободна вечер и се забавувал во локалните пабови.

Зачлени се на нашиот е-билтен