Речиси 160.000 хакерски напади се блокирани од почетокот на гласањето на претседателските избори во Русија, соопшти денеска претседателката на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова.
„Од почетокот на гласањето блокирани се 160.000 напади на далечни електронски системи за гласање, главните напади беа на самиот портал за гласање – 130.000 напади. Речиси 30.000 напади на порталот за електронско следење на гласањето“, рече Памфилова.
Според неа, од почетокот на гласањето имало 18.000 сајбер напади на веб-страницата на Централната изборна комисија, од кои 141 биле многу опасни.