Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шефот на Мосад утре во Доха ќе ги продолжи разговорите за прекин на огнот во Газа

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Давид Барнеа, се очекува утре да ги води разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, јавуваат западните агенции, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Израел вчера објави дека ќе испрати делегација во главниот град на Катар, Доха, но не прецизираше кога, ниту кој ќе биде во нејзиниот состав.

Според истите извори, Барнеа треба да се сретне со катарскиот премиер и египетските претставници во Доха за да разговараат за преостанатите отворени прашања во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, вклучувајќи го и бројот на палестинските затвореници кои би можеле да бидат ослободени од израелските затвори во размена на заложници кои ги држи таа палестинска милитантна група.

Зачлени се на нашиот е-билтен