Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шојгу нареди на бродовите на Црноморската флота да се вгради дополнително вооружување

Рскиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во текот на инспекцијата на руските сили стационирани во Јужниот воен округ, нареди на воените бродови на Црноморската флота да се вгради дополнително вооружување за одбрана од напади на непријателски беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Рускиот министер за одбрана нареди на бродовите да се вгради дополнително вооружување и да се зголеми огнената моќ, вклучително и митралези со голем калибар кои можат ефикасно да се користат во случај на напади на непријателски беспилотни летала“, се вели во соопштението на Министерството.

Шојгу, исто така, издаде наредба деноноќно да се спроведува обука на персоналот на Црноморската флота за одбивање воздушни напади и напади на моторни чамци без екипаж и апелираше да се унапредат безбедносните услови за бродовите на Црноморската флота.

Најново