Во Република Чеченија рускиот претседател Владимир Путин освои 98,99 отсто од гласовите, што е негов најдобар резултат во целата земја.
Според податоците на Изборната комисија на претседателските избори, на кои Путин го освои петтиот претседателски мандат, на изборите излегле 97 проценти од регистрираните гласачи.
На изборите во 2012 година во Чеченија за Путин гласале 99,76 отсто.
Путин освои околу 90 отсто од гласовите и во другите кавкаски републики.