Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Боливија запленети 7,2 тони кокаин во вредност од 451 милион долари

 Боливиската полиција заплени повеќе од 7,2 тони кокаин, што е втора рекордна заплена на дрога во земјата, со проценета улична вредност од 451 милион долари.

Министерството за полиција на Боливија соопшти дека дрогата била наменета да се испрати во Белгија.

Акцијата била спроведена во регионот Писих, на границата со Чиле, а дрогата била скриена во два камиони кои превезувале железо во Европа, преку чилеанското пристаниште на Пацификот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен