Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Речиси 8.000 мигранти влегле во Словенија до средината на март

 Предлогот за формирање нови центри за азил во Словенија ќе го разгледува Комисијата за внатрешни работи при словенечкиот Парламент.

Канцеларијата за згрижување и интеграција на мигранти веќе подолго време бара нови локации за центарот за азил во време кога е во пораст бројот на илегални мигранти кои ја минуваат границата во Словенија.

Поради пренатрупаноста на центарот за азиланти во Љубљана, Владата одлучи да ги изолира центрите за азил во Брежице и Средич на Драва, што предизвика незадоволство.

Истовремено, се предупредува дека и годинава се зголемува бројот на неовластени гранични премини меѓу Словенија и Хрватска.

До средината на март, полицијата обработила повеќе од 7.900 странци кои илегално ја преминале границата. Во центарот за азиланти во Љубљана немаат доволно сместувачки капацитети.

Зачлени се на нашиот е-билтен