Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Словенија, Хрватска и Италија го поддржуваат воведувањето мешани патроли на заедничките граници

– Министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и Италија – Боштјан Поклукар, Давор Божиновиќ и Матео Пјантедоси на состанокот во Брдо кај Крањ, го поддржаа воведувањето трипартитни мешани патроли долж нивните заеднички шенгенски граници, објавија словенечките медиуми. Тие ќе истражат дали ова би можело да биде алтернатива на граничните контроли кои се во моментов.

-Западнобалканската миграциска рута е сè уште активна, така што нашата зајакната соработка е исклучително важна, рече словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар на вчерашната прес-конференција.

Тој истакна дека италијанско-словенечките и словенечко-хрватските мешовити патроли се покажале како добар тип на соработка и смета дека тие треба да се зајакнат.

-Бидејќи нашата цел е да ја отстраниме внатрешната гранична контрола што беше воведена во октомври минатата година, се согласивме да ги зајакнеме мешаните патроли како алтернативна опција, истакна Поклукар, додавајќи дека земјите се согласиле на воведување трипартитни полициски патроли.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ предложи состанок на директорите на трите полициски сили во Хрватска за да се договори оперативна соработка за трипартитните полициски патроли.

Министрите се согласија дека е пожелно овие патроли да започнат со работа што е можно поскоро.

Министрите се договорија и за формирање постојани италијанско-словенечки и словенечко-хрватски совети. Поклукар појасни дека станува збор за редовни средби на локално, регионално и државно ниво, кои ќе ја поддржат соработката, размената на информации, забрзувањето на анализата на ризик во областа на миграцијата и управувањето со билатералните процедури за реадмисија на мигрантите.

Хрватска се приклучи на Шенген на почетокот на 2023 година, но Словенија воведе привремена внатрешна шенген гранична контрола со Хрватска во октомври поради заканата од тероризам по избувнувањето на конфликтот во Појасот Газа. Италија воведе и привремени гранични контроли со Словенија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен