Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Изборот е помеѓу оние кои ги штитат државните интереси и другите кои го саботираат напредокот на земјата

„Знаете дека вчера ја почнавме нашата заедничка битка за Европска Македонија. Во следниве недели ќе бидеме исправени пред истата дилема како пред 10 или 20 години, значи историјата ни се повторува.. Дали да им даде народот доверба на т.н патриоти или она оние кои покажаа на дело дека знаат како да го штитат државните интереси на Македонија, треба добро да размислиме зашто истите политичари и истата политичка партија, во опозиција, во 2001 година ја нудеа воената опција кога требаше да гинат некои други деца, а не нивните. Наместо договорот од Преспа, нудат негово поништување, и истите кои цело време велат „Никогаш Северна“, немаат проблем да примаат 5 години од Северна Македонија, високи функционерски плати и да имаат привилегии како градоначалници и пратеници“, рече претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Штип, заблагодарувајќи се на масовното присуство и довербата за изминатите 5 години мандат.

Тој се осврна на периодот од пред 3 години кога започнаа преговорите со ЕУ, и тешки разговори со Софија, за зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет. А опозицијата и тогаш ги саботираше тие напори да се дојде до решение.

„Сакам да споменам една работа, која досега не сум ја кажал, а заслужува внимание. Кога пред 2 – 2.5 години , бугарската држава почна на организиран начин да отвора серија на бугарски клубови, и да им дава намерно провокативни имиња, со кои правеше тешка навреда за македонскта нација, јазик и идентитет, ставот на главната опозициска прартија и нивниот лидер беше, дека не може да постои бугарски клуб со името цар Борис, а немаат ништо против со името Ванчо Михајлов. Затоа што тие се сметаат дека се политички наследници на историскотото ВМРО. Што ќе рече дека денешниот нивни лидер е наследник на Ванчо Михајлов. Тој е најголемиот антикмакедонец, кој живееше 94 години и никогаш не спомна дека има македонски народ, нација и Македонци“, рече Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново