Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

4. Фестивал на грчки филм во Скопје и Битола

Во Кинотеката на Северна Македонија вечер во 20 часот ќе биде отворен четвртиот Фестивал на грчки филм кој ќе трае до 10 април. 

На отворањето ќе биде прикажан филмот „Не би сакал да сум непристоен, но треба сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос од 2019 година, а ќе му претходи проекција на краткометражниот  „Тишината на рибата кога умира“ на режисерот Василис Кекатос. 

-Ова се две црни комедии во кои идејата за смртта се прикажува со доза на хумор. Филмот „Тишината на рибата кога умира“ учествуваше на некои од најважните фестивали, како „Санденс“ (Sundance), а Василис Кекатос е еден од најважните претставници на краткометражните филмови со многу награди, вклучително и „Златна палма“ во Кан, соопшти Амбасадата на Грција во Скопје. 

Покрај скопската, фестивалската програма  ќе ја погледне и публиката во Битола каде што отворањето ќе биде утре. Филмовите во Скопје ќе бидат прикажани во Кинотеката, а во Битола во Кино Манаки.

Фестивалот го организираат Амбасадата на Грција и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ со поддршка од спонзори. Влезот за посетителите е  бесплатен.

-Фестивалот ќе ја понуди есенцијата на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно шест филма: три долгометражни и три кратки филмови. Програмата е составена од филмови со различни жанрови и филмски стилови, како и филмови кои успешно пливаат по повеќе жанрови, соопштија организаторите.

Зачлени се на нашиот е-билтен