Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

360 Степени: Приведен новинарот Фуркан Салиу

Порталот 360 степени објави информација дека е приведене новинарот Фуркан Салиу.

Од Министерството за внатрешни работи за 360 степени официјално рекле дека го проверуваат случајот и штом имаат детали, ќе известат.

Неофицијално, како што пишува порталот, Салиу е уапсен за време на фудбалски натпревар во Коњаре кога полицајци тргнале да апсат младо момче, а Салиу им се спротивставил. Според извор од МВР, Салиу „физички ги нападнал полицајците” и поради тоа е приведен

ФОТО: Принтскрин IN7.tv

Новинарот Фуркан Салиу бил приведен за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре.

Член на семејството на новинарот Салиу за „360 степени“ рече дека тој заедно со неговиот снимател го следел фудбалскиот натпревар при што полицијата тргнала да апси младо момче. Салиу им се спротивставил и почнал да ги прашува зошто го прават тоа, по што бил совладан и приведен, вели нашиот соговорник.

Фуркан во моментов е во полициска станица, но во семејството не знаат во која.

Од Министерството за внатрешни работи официјално за „360 степени“ кажаа дека ќе ги проверат наводите за апсењето и подоцна ќе се произнесат.

Извор од МВР за „360 степени“ рече дека Салиу е приведен затоа што „физички ги нападнал полицајците” што се смета за напад врз службено лице.

Снимката од апсењето е објавена на фејсбук-страницата на IN7.tv.

Салиу деновиве е актуелен со серијата стории во кои обелоденува документи за кои тврдат дека наводно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ направила оперативен план за обезбедување документи, но и за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на политичарите и партиите кои во изминатиот период беа објавувани во емисијата „Објектив“ на Македонската радио-телевизија (МРТ). Опозициската партија, како и јавниот сервис ги негираа наводите.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека станува збор за фалсификувани документи.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново