Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Началници назначени од Тошковски дале наредба за апсење на новинарот Фуркан Салиу, реагираа и новинарските здруженија

Новинарот Фуркан Салиу попладнево беше уапсен со единица за брзо распоредување по наредба на началници во МВР назначени од техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.

Салиу снимал на фудбалски натрепвар, по што сообраќајна полиција го запрела и побарала поддршка од ЕБР.

Началникот на СВР и началникот на ЕБР кои дале наредба за апсењето на новинарот Салиу се назначени од Тошковски, а новинарот изминатиов период е во фокусот на јавноста откако објави протечени документи и оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ.

Според оперативниот план кој го објави Салиу, ВМРО-ДПМНЕ имало разработена шема за изработка на лажни вести, лажни анкети, но и цел план за злоупотреба на податоци од државните институции со цел придобивање гласови.

Попладневи на социјалните мрежи и на неколку онлајн медиуми беше објавено видео на кое се гледа како повеќе униформирани специјалци на МВР апсат лице кое се наоѓа на земја. Непосредно по оваа објава следеа неколку сензационалистички наслови од медиуми кои се блиски до една политичка партија кои шпекулираа разни основи за притворање на новинарот Фуркан Салиу и се повикуваа на полициски извори.

Здружението на новинарите и Синдикатот на независните новинари излегоа со апел случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат случајот за препукувања у за политичките цели во изборната кампања.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново