Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Заплашување новинари и злоупотреба на МВР е недозволиво

Димитар Ковачевски/ Фото: Слободен Печат/ Слободан Ѓуриќ
Димитар Ковачевски/ Фото: Слободен Печат/ Слободан Ѓуриќ

Во реакцијата на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски се истакнува дека „употребата на сила против новинарите потсетува на мрачните времиња од минатото кога бевме заробена држава“.

„Силно го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Употребата на сила против новинарите страшно потсетува на мрачните времиња од минатото кога немавме слобода и демократија и бевме заробена држава“, напиша претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво.

„Очекувам новинарот да биде ослободен. Слободата на говор и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество“, порача Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен