Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ослободен новинарот Салиу: Ќе се повлечам од екраните ако докажат дека сум нападнал полицаец

„Ослободен сум поради вашата поддршка. Во некоја различна ситуација немаше да бидам ослободен и ќе бараа притвор за мене без доказ“, изјави новинарот Фуркан Салиу откако вечерва беше пуштен од полициската станица Автокоманда, објави вечерва „Слободен печат“.

Салиу реќе дека не нападнал полицаец и ако надлежните имаат било каков доказ за такво нешто, ќе се извинам и ќе се тргнам од екраните, додаде тој.

„Тие велат дека сум нападнал полицаец, ако го докажат тоа јас ќе се извинам и повеќе нема да ме гледате на екраните. Нека докажат дека јас сум удрил полицаец, имаше камери, снимаа и нека докажат дека јас сум удрил полицаец. Потоа по апсењето ми ја претресуваа колата, јас не сум бил присутен. Сега сум информиран дека мојот пиштол е најден расклопен како што треба според зкаонот, но тоа не треба да се врши без мое присуство. Избришани се снимките во кое имаше насилство врз мене, се надевам дека ќе ги вратиме снимките и целата вистина ќе излезе на виделина. Но ова е една грда фотографија на полицијата. Мислевме дека ќе се нормализираме, но пак истите фотографии. Ме уапсија луѓето-полицијата од началникот кој побара да ги смирам двете страни на натпреварот, а тоа се се снимаше, беше на работ на инцидент и јас ги смирив. Но откако тоа излезе од контрола, јас не сум виновен што имаше малку полицајци и многу луѓе, за тоа не сум јас виновен, тоа што се дозволи да се тепаат пред полицијата граѓани, за тоа некој друг треба да одговора“, рече Салиу.

Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат, вели Салиу.

„Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа. Се дерам дека сум новинар, 90 отсто до тие полицајци ме знаат, пред два дена заедно бркавме криминалци“, вели Салиу.

Претходно за случајот се произнесе техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски кој во однос на приведувањето на лицето Фуркан Салиу информираше дека е последица на извршен напад на полициски службеници, припадници на Единицата за брзо распоредување кои биле ангажирани за одржување на јавен ред и мир на фудбалски натпревар кој бил оценет како натпревар со безбедносен ризик.

Зачлени се на нашиот е-билтен