Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Ромите се ѕвезда во македонскиот мозаик

„Кога го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите, сите ние застануваме со ромскиот народ и ја славиме културата на Ромите како дел од богатството на целото човештво, а со тоа ја поттикнуваме заштита на сите јазици и култури низ светот“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура во својата четситка по повод празникот на Ромите потенцира дека „признавањето на важноста на ромската култура и на авентичниот ромски јазик се нашата заложба за спречување на сите форми на дискриминација, како и поддршка на Ромите, на нивните човекови права, и правото на социјална инклузија и развој на нивната заедница“.

„Овие цели за еднакви права и достоинствен живот за сите, се пред сѐ желба, да ја јакнеме инклузивноста во македонското општество затоа што тоа е патот до успешна, заедничка Република Северна Македонија, дом за сите, интегрирана во Европската унија“, нагласува во својата честитка министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Во тој дом вредностите на ромската заедница се и наши вредности, а Ромите се ѕвезда во македонскиот мозаик“, посочува министерката за култура по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново