Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Членството во НАТО е еднаков на чинот на прогласување на независноста на Македонија од 1991 година

„Најголемата работа ја направивме пред 4 години кога станавме членка на НАТО. Ниту една политичка гарнитура немаше храброст, да направи компромис и да ја внесе државата во најмоќниот политички сојуз на свестот, кој гарантира дека вашиот територијален интегритет, и суверенитет никој не смее да го чепка. Затоа што таму се освен нас 31 држава, најмоќните армии, најголемите економии, и најголемите демократии. Таму постои член во базичниот договор на алијансата – нападот на еден се смета како напад на сите.Можете ли да замислите малата Македонија со 1.8 милиони луѓе, на иста маса и исти обврски и одговорности како Америка, Канада, Франција, Британија итн. да имаат заеднички механизми со кои се соочуваат со кризите“, истакна Претседателот Стево Пендарвски на граѓанската трибина во скопски Аееродром.

Тој посочи дека чинот на влезот во НАТО е еднаков на чинот на прогласување на независноста на Македонија од 1991 година.

„Втората работа која ја направивме по 17 години чекање во чекалната на ЕУ, е отворањето на преговорите со компромис кој не ги загрози македонските национални интереси“, рече Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново