Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Нашите граѓани сега се повеќе поврзани со ЕУ и со регионот, паѓаат трошоците за телекомуникациските услуги

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес организираше состанок каде што се дискутираше за роаминг тарифите помеѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија, како придобивка од Берлинскиот процес, како и бесплатна безжична интернет мрежа на јавни простори во Западен Балкан, како иницијатива на Европската Комисија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан.

На состанокот присуствуваа раководните лица на Министерството за информатичко општество и администрација, Македонски телеком, А1 Македонија, Агенција за електронски комуникации, Јавно претпријатие Национална радиодифузија и Националната канцеларија за бродбенд компетентност.

По средбата Вицепремиерот Маричиќ во изјавата рече дека најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во државата е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.

Овие придобивки, истакнал Маричиќ, за кои секако свој придонес дадоа и телекомуникациските оператори, се резултат на Берлинскиот процес и на мерките што произлегуваат од Планот за раст на Западен Балкан.

Тој потсети дека со Декларацијата потпишана на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана во декември 2022 година, започна процесот на намалување на цените на роамингот во регионот и кон Европа.

„Имплементацијата на Декларацијата за роаминг дава ветувачка слика. Операторите од Западен Балкан не само што ја исполнија ценовната граница за 2023 година, туку ги надминаа очекувањата. Сега тие нудат пакети под прагот на цените од планираното за 2026 година, што сигнализира значителен напредок. Уште повеќе, во Северна Македонија се отворија можности за дополнително усогласување на цените согласно со локалните стандарди за поголема достапност и пристапност за потрошувачите“, посочи Маричиќ.

Маричиќ уште нагласил дека како резултат на Планот за раст и на новата Методологија за пристапни преговори, на последниот самит на ЕУ со лидерите од Западен Балкан, една од придобивките е Ви-Фи зони за Западен Балкан, односно формирање на безжична интернет мрежа на јавни простори за Западен Балкан.

„Тоа е мерка за поттик на локалните заедници во регионот да ја доближат поврзаноста до граѓаните, овозможувајќи им придобивки од бескрајните можности на дигитализацијата, како конкретен чекор кон заедничкиот дигитален пазар. За реализација на оваа мерка Владата веќе ја усвои препораката за имплементација на јавни Ви-Фи точки во консултација со ЗЕЛС и локалните самоуправи“, укажува Маричиќ.

Во својата изјава пос средбата тој реќе дека „тоа се чекори кои не трпат одложување на нашиот пат кон ЕУ, од кој, како што гледате, нема откажување, туку само одржување на континуитетот.“

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново