Суетата е во зачетокот на гордоста, вели христијаството, потоа таа се надоградува со потценување на својот близок, бесрамното разгласување на своите подвизи, со фалбаџиство во срцете, омраза кон прекорот и на крајот завршува со отфрлањето на Божјата помош, и воздигнување на своите сопствени сили во ѓаволски карактер
Пишува: Ѓорѓи СПАСОВ
Не е јасно дали кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, по своето убедување е либералка, социјалдемократка или демохристијанка, која за својата кандидатура ја бара и подршката на Црквата и на верниците.
Сите свои говори Гордана и Мицковски ги завршуваат со повикот Бог да ја благословел Македонија и со тоа дека ќе ја направат Македонија повторно горда.
А како демохристијани и верници, треба да знаат дека Гордоста е првиот и најголемиот од седумте смртни гревови во христијанството.
Не е лошо да појдат кај поглаварот на Македонскат православна црква Господин, Господин Стефан ,од кога бараат подршка за изборите да им каже дека:
Во христијанството постојат 7 главни, смртни гревови – главните пороци на човекот. Тоа се:
гордост
алчност
завист
гнев
дрчност
сладострастие
мрзливост
Кога Мицковски и Гордана сакаат Македонија да ја направат повторно горда, треба да знаат зошто во христијанството гордоста се смета за најголемиот од сите смртни гревови.
Според психолозите:
ГОРДОСТ – тоа е кога луѓето се гордеат на своите квалитети во однос на други луѓе. Се гордеат бидејќи припаѓаат на одредена раса, класа, националност, група и слично. Во суштина, се сметаме за подобри во споредба со другите и со самото тоа мислиме дека заслужуваме почит, одобрување, прифаќање и љубов. Другите се помалку вредни од нас.
Коренот на овој порок е во недостигот на безусловна љубов во детството. Ако родителите на овој човек во неговото најрано детство биле ладни, строги, крути – настанува личност која се оградува со гордост.
Недостигот на родителско безусловно прифаќање создава внатрешна празнина, вакуум што личноста го исполнува со опипливи достигнувања (одличен спортист, одличен студент, напредок во кариерата и слично) или со замислени (припадност на одредена група, земја, нација, род и слично).
Човекот го надоместува недостигот на љубов со љубов кон самиот себеси – со гордост. Се сака себеси. Ако го прашате кому му треба заслуга, љубов, внимание, прв ќе се јави – нему!
А според Христијанството:
Христијанството гордоста ја дефинира како лажно чувство за сопствена надмоќ, горделивост, надменост, острастеност, што е спротивно на смиреноста и кроткоста.
Гордоста вели христијанството е создадена од лаги, од неправеден однос кон себе и околината и од пристрасност.
Гордоста е, според учените христијани и вистинските верници, желба да се претставиме себе си подобри од она што сме. Господ им се противи на горделивите и на смирените им дава благослов.
Во светото евангелие пишува: Гордоста е грев кој ангелот го претвора во ѓавол„.
Гордоста произлегува од духовната недораснатост и духовната запуштеност.
Суетата е во зачетокот на гордоста, вели христијаството, потоа таа се надоградува со потценување на својот близок, бесрамното разгласување на своите подвизи, со фалбаџиство во срцете, омраза кон прекорот и на крајот завршува со отфрлањето на Божјата помош, и воздигнување на своите сопствени сили во ѓаволски карактер.
Гордоста означува губење на целокупното духовно богатство и губење на сето она што со мака и со пот се постигнало.
Со гордоста, заблудениот човек, (нација или држава) во својата надмена желба да се воздигне над другите се поништува себе си.
Гордоста е најголемат бедотија на душата, која во своето помрачување, мисли дека е богата. Таа одвратна страст не само што не ни дозволува да напредуваме туку и не бутка од постигнатите висини надолу во пропаст.
Гордоста му противречи на Бог кој ги создал сите луѓе еднакви. Со тоа горделивиот човек е неморален. Моралот ги нормира односите во заедницата.
А надмениот, годеливиот, кој бара таков статус за својата држава и нација се издвојува од заедницата.
Годеливот човек – вели христијанството, не е дораснат за љубов. Тој се сака само себе си, односно најмногу себе си. Заради таа самозаљубеност тој се изолира.
Човекот што инсистира на гордоста – вели христијанството е заслепен човек, тој не гледа подалеку од себе, од својата пропаст.
(Извор: ФБ профил на авторот)