Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Бочварски во посета на чичко Бранко, еден од 349 сопственици на социјални станови, уште 515 остануваат да бидат распределени

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го посети домот на чичко Бранко од Велес, еден од сопствениците на новододелените 349 станови на семејства во социјален ризик.

„Мило ми е што со нашите одлуки придонесовме да го подобриме живото на ова семејство, а вакви решаваме уште стотици“, вели во разговорот во домот на чичко Бранко министерот Бочварски.

Со желбите за честитките за долгогодишно користење на новиот дом во здравје и среќа, министерот Бочварски му порача на Бранко дека тој и неговото семејство во него и во луѓето од министерството имаат пријатели кои секогаш има стојат на располагање за нивните потреби.

„Така сме научени, ние сме социјална држава и убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме да помагаме“, рече Бочварски.

Чичко Бранко ја изрази својата благодарност и зборуваше за новата промена во животот на неговото семејство.

Станот што го доби семејството на Бранко е еден од вкупно 349 вселени од 864 станови во 11 социјални згради кои од од 2017 наваму се изградија или се во завршна фаза за целосна промена на квалитетот на животот на семејствата кои сега живеат или ќе живеат во нив.

Станува збор веќе изградени девет згради со социјални станови во Македонски Брод, Неготино, Струмица, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гостивар, Гевгелија и Демир Капија.

„Ова е социјална правда – системски да исправиме таму каде што некој бил обесправен од општеството, од околината или од транзицијата. Покрај социјалните станови, силен придонес кон праведноста во македонското општество беше и решавањето на статусот на повеќе од 13.000 стечајци, зголемувањето на социјалната помош за 300% и зголемувањето на минималната плата за работниците од 9.000 денари во 2017 на 22.500 денари во 2024 година“, напиша во една од своите претходни објави министерот за транспорт и врски Благо Бочварски, кој го завшри со пораката „борбата за социјална порвда продолжува“.

Зачлени се на нашиот е-билтен