Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Канани: Во иранската нуклеарна доктрина нема место за нуклеарно оружје

 За нуклеарното оружје нема место во иранската нуклеарна доктрина, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи, неколку дена откако командант на Револуционерната гарда предупреди дека Техеран може да ја промени својата нуклеарна политика доколку биде притиснат од заканите на Израел.

-Иран постојано повторува дека неговата нуклеарна програма служи само за мирољубиви цели. Нуклеарното оружје нема место во нашата нуклеарна доктрина, изјави портпаролот на Министерството, Насер Канани, на прес-конференција во Техеран, пренесуваат британските медиуми.

По зголемените тензии со Израел, командантот на гардата задолжен за нуклеарна безбедност, Ахмад Хагталаб, минатата недела изјави дека израелските закани би можеле да го принудат Техеран „да ја преиспита својата нуклеарна доктрина и да отстапи од претходните позиции“.

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолах Али Хамнеи, кој го има последниот збор за нуклеарната програма на Техеран, на почетокот на 2000-тите со фатва го забрани развојот на нуклеарно оружје.

Западот, меѓутоа, постојано го посочува и обвинува Техеран дека работи на развојот на сопствено нуклеарно оружје.

Зачлени се на нашиот е-билтен