Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кинеско МНР: Хајка околу шпионирањето во Германија со цел да се дискредитира Пекинг

– Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли извештаите за кинеска шпионажа во Германија, нагласувајќи дека таквата „хајка“ има за цел да ја дискредитира Кина.

„Кина отсекогаш се придржувала до принципот на немешање во внатрешните работи на другите земји и се надева дека релевантниот персонал во Германија ќе го напушти менталитетот на Студената војна“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер денеска ја изрази својата загриженост за обвинувањата дека помошникот на пратеникот во Европскиот парламент на партијата Алтернатива за Германија (АфД), Максимилијан Крах, бил шпион на Кина и тие обвинувања ги оцени како „многу опасни”.
„Ако се потврди дека шпионирањето за Кина се случува од Европскиот парламент, тогаш тоа е напад врз европската демократија однатре“, изјави Ненси Фасер.

Помошник на пратеник на Европскиот парламент (ЕП) од германската екстремно десничарска партија АфД е уапсен во Германија под сомнение дека шпионирал за Кина, објавија денеска германските обвинители.

Џијан Г., обвинет е дека ги шпионирал противниците на Кина во Германија и дека со кинеската разузнавачка служба споделувал информации за Европскиот парламент, се наведува во соопштението на обвинителството.

Обвинетиот работел како помошник на европратеникот Максимилијан Крач, кој ја предводи листата на АфД за следните европски избори, закажани за 9 јуни 

Зачлени се на нашиот е-билтен