Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси вчера усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште, додека демонстранти од галеријата гласно протестираа против тоа.

Нацрт-законот беше одобрен со 68 гласа „за“ наспроти 28 гласови против во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец.

Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и тројца возрасни членови на персоналот.

Некои од демократите во Претставничкиот дом помогнаа во организацијата на протестите во главниот град, што доведе до нивно кратко протерување од законодавниот дом минатата година.

Околу половина од сите американски држави им дозволуваат на наставниците или другите вработени во училиштата да носат огнено оружје во просторот на училиштето, наведува Правниот центар Гифордс, група за безбедност на оружје. Според законот на Тенеси, секое лице кое сака да носи скриен пиштол на училиште мора да заврши најмалку 40 часа обука во училишната полиција. Трошоците за обуката заедно со огненото оружје се на товар на поединецот.

Според предлог-законот, идентитетот на наставникот или членот на персоналот што носи оружје нема да биде јавен. Директорите на училиштата мора да дадат одобрение за лицето да носи оружје, а началниците на локалната полиција мора да бидат информирани за идентитетот на носителот.

Зачлени се на нашиот е-билтен