Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

О’Брајан во разговор со Курти побара итен напредок кон формирање на ЗСО

 Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија  Џејмс О’Брајан денеска, во разговор со премиерот на Косово  Албин Курти, изјави дека спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград а Приштина е неопходна, вклучително и итен напредок во формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО). 

Тој на платформата Икс објави дека САД ја поддржуваат европската интеграција на Косово и дека со Курти разговарал за чекорите што треба да ги преземе официјална Приштина.

„За да продолжиме напред, ни треба имплементација на обврските од дијалогот поддржан од ЕУ, вклучително и итен напредок за Заедницата на општините со мнозинско српско население“, напиша О’Брајан.

Зачлени се на нашиот е-билтен