На прашање дали ВМРО-ДПМНЕ повеќе ја чинеше Македонија во коруптивна смисла, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во поткастот „Политиканти“ изрази сложување на таквата констатација.
„Се сложувам, имаше една цела структура која се искорупмпира и која ја чинеше партија седум тешки години во опозиција. Ние се боревме да ја тргнеме стигмата бевме изолирани дома изолирани навор, генерално оцрнети и тоа беше затоа што наследивме ваква ситуација, затоа што директор на тајна служба изгради најскап хотел на Балканот“, рече Николоски.
Тој додаде дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ прави се’ за да покаже дека работите во партијата се менуваат.