Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полицијата ги растера пропалестинските демонстранти од Сорбона

 Неколку дена по пропалестинските демонстрации на престижниот француски универзитет Сијанс По во Париз, полицијата изврши рација на друг познат универзитет, Сорбона, и ги растера пропалестинските активисти кои поставија шатори во зградите и дворот.

Околу 50 демонстранти беа спроведени надвор од Сорбона во Латинскиот кварт, а потоа отстранети под полициска придружба, јавија локалните медиуми.

Полицијата соопшти дека се работело за операција која траела само „неколку минути“ и оти била спроведена „мирно и без инциденти“.

Францускиот премиер Габриел Атал рече дека „внимателно ја следи ситуацијата“ и побара Сорбона брзо да се евакуира, како што побара и за Универзитетот во Сијанс По во петокот.

Претставници на управата на Универзитетот изјавиле дека Сорбона по наредба на ректоратот ќе биде затворена попладнево и оти амфитеатрите биле евакуирани околу пладне. 

Зачлени се на нашиот е-билтен