Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изложба на уметничка фотографија во Битола посветена на Мирко Попов

Во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) денеска ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски.

Изложбата ќе биде поставена во кафе барот Порта Џез во Битола, а е посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 – 2024).

Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување меѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката. Фотографиите се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез.

Проектот на МКЦ-Битола, Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската Амбасада во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен