Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Паркинг место во Амстердам достигна 495.000 евра

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените енормно се зголемија поради тешката станбена криза.

Местото огласено за 495.000 евра е со површина од 18 квадратни метри и се наоѓа, според агенцијата за недвижности J. Heule, во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“. Исто така може да се изнајми за 750 евра месечно.

Огласот ја шокираше Холандија, која е погодена од тешка станбена криза. Бараната цена на паркингот е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра. Покрај скокот на цените, холандски РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

Зачлени се на нашиот е-билтен