Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди филипинските острови Лејте, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека се очекуваат последователни потреси и дека земјотресот најверојатно предизвикал штета.
Филипинскиот архипелаг се наоѓа во таканаречениот „огнен прстен“, каде често има вулкански активности и земјотреси.