Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Базар на „second hand“облека, накит, книги и детски играчки во Јавна соба

Културен тренд во големите градови е рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото. Колку понапредни општествата – толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е „second hand” модата.

Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.

В сабота (11 мај) во Јавна соба, под слоганот „Second hand е подобро од ново” започнува Базарот каде што посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има бројни штандови со разноразни парчиња кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.

И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:

  • Заштеда на пари
  • Помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси
  • Поддржувате локален и мал бизнис
  • Развивате уникатен стил
  • Имате чувство како да сте во потрага по богатство

Зачлени се на нашиот е-билтен