Амбасада на САД за 360°: Остануваме посветени на Преспанскиот договор и на евроатлантските интеграции на Северна Македонија

САД

Соединетите Американски Држави остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и на евроатлантските интеграции на Северна Македонија.

Ова е одговорот од американската амбасада во земјава даден за „360 степени“ на прашањето за вчерашната инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која давајќи свечена изјава во Собранието наместо уставното име Република Северна Македонија користеше само Македонија.

„Откако ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори и придобивките од напредокот на државата со полноправно членство во Европската Унија“, е ставот на американската амбасада во Северна Македонија за вчерашната изјава на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која во Собранието наместо уставното име Република Северна Македонија користеше само Македонија.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?