Норвешката армија има за цел да користи биогориво за своите авиони Ф-35 до крајот на годината, соопшти денеска воздушната команда на НАТО.
„Оваа иницијатива покажува дека биогоривото може да се користи за Ф-35 и да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод од авионите. Декарбонизацијата е важна цел во Акцискиот план за климатски промени и безбедност“, се додава во соопштението на платформата Икс.
Покрај намалувањето на емисиите на јаглерод, употребата на биогорива може да придонесе за енергетска безбедност преку намалување на зависноста од традиционалните фосилни горива.