Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Аврамовска Мадиќ: Драго ми е што ЗНАМ влезе во влада со ВМРО-ДПМНЕ, нека видат граѓаните кои се нивните вредности

„Правите социјалдемократи и сите оние коишто имаат желба да останат во партијата нема да може никој да ги разубеди ниту да ги купи ниту да ги повлече кон одредени политики. Сето она што се вика администрација, тие 120-160.000 административци треба да останат професионалци, треба да ја работат својата работа без разлика на тоа кое е раководното лице и од која партија доаѓа. Јас доаѓам од тој сектор, 20 години сум во администрација и сум работела и за претседателот Ѓорѓе Иванов, меѓутоа и за претседателот Бранко Црвенковски. Тоа мора да го разграничиме и дека тоа нема да значи купување доколку останат во администрација. Приближувањето до нашите членови кон други партии било и ќе биде. Затоа верувам во сите наши членови дека доследно ќе додржат и ќе знаат да направат разлика. Најискрено, мене ми е драго што партијата ЗНАМ влезе во влада со ВМРО-ДПМНЕ за да можат граѓаните да видат колкав е нивниот капацитет и колкави се нивните вредности и кои политики ќе ги спроведуваат, да не испадне како ВМРО-ДПМНЕ, предизборно не потпишуваме Северна, па потоа сите министри заедно да ја кажат Република Северна Македонија“, рече Викторија Аврамовска Мадиќ претседателка на изборна комисија за избор на претседател на СДСМ во интервју на Слободен печат.

На прашањето каде ќе се спроведе внатрепартиското гласање таа одговори дека истото ќе се спроведе во општинските организации.

„Гласањето ќе се спроведе во општинските организации. Формирани се општински изборни комисии каде што имаме воведено дека минимум мора да има 20 пријавени членови, максимум илјада. Бројот илјада членови ни се појави во три општини, и тоа Битола, Куманово и Струмица и таму ќе формираме по три избирачки одбори за да можат да го спроведат гласањето затоа што е поголем бројот, а во другите ќе останат со по еден избирачки одбор. Во самата општинска организација ќе биде организирано комплетно со материјалот што ќе го подигнат во сабота во 10 часот“, заклучи Аврамовска Мадиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново