Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Коце Трајановски е косопственик на градежа фирма, а ќе раководи со Државни патишта

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако Владата одлучи да го постави Коце Трајановски директор Јавното претпријатие за државни патишта. Трајановски кој јавноста го памети како еден од лицата задолжени за спроведување на проектот Скопје 2014, чиј идеолог беше Никола Груевски, се враќа во политиката на голема врата.

Ако тогаш беше задолжен за изградба на проект вреден 700 милиони евра, сега ќе биде задолжен да гради патишта низ земјата. СДСМ обвинува дека Коце Трајановски во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. „Ова е најава за огромна корупиција која се подготвува во ова претпријатие.

„Трајановски одамна директно е вклучен во градежниот бизнис“, се вели во соопштението кое го испрати СДСМ до медиумите.

Ако се анализираат и другите кадровски решенија кои во прва фаза ги назначи Владата, многу е очигледно дека Мицкоски посега по стари кадри од претходната Влада.

Малку може да се забележат свежи кадри или некомпромитирани професионалци. Така со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако по вокација е лекар, никогаш не работел во здравството. Оттаму е нејасно како тој и со кое знаење ќе ја води оваа комплексна институција.

На директорско место во Управа за извршување санкции доаѓа Александар Пандов, кој имаше краток пратенички мандат а потоа работеше во приватниот сектор кај Самсоненко водејќи една од неговите компании за обложување. Тој како дипломиран историчар нема соодветно образование за оваа област.

Владата досега постави само мал дел од директорите, се очекува во текот на летото да се доекипираат сите институции со нови раководства.

Зачлени се на нашиот е-билтен