Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почеток на нова соработка помеѓу Универзитетот Американ Колеџ Скопје и City College of New York од САД

Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) постојано работи на унапредување на својата меѓународна соработка со образовни институции ширум светот. Овој пат, се работи за почеток на соработка со една од најпрестижните академски институции во Соединетите Американски Држави – City College of New York, што е мошне значаен чекор во потикнување меѓународни академски партнерства и подигнување на образовните стандарди кај нас.

Основан во 1847 година како „Слободна академија“, City College of New York претставува извор на академска извонредност, чии значајни постигнувања ги вклучуваат и првата презентација на Алберт Ајнштајн на теоријата за релативноста надвор од Европа, учество во проектирањето на Панамскиот канал, откритието на вакцината против детска парализа, како и учество во развој на проектот за интернет.

Во рамки на овој значаен настан, ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев потпиша Меморандум за соработка со проф. Хуан Меркадо, декан за меѓународна соработка на City College of New York, документ кој означува почеток на една нова ера на академска извонредност и меѓународна соработка помеѓу овие две институции. Дополнително, Универзитет Американ Колеџ Скопје упатува и срдечна благодарност до Елиза Пренџова, докторантка на УАКС, чија работа и посветеност беа клучни во олеснувањето на овој процес.

Со ова партнерство кое ќе отвори можност за развој на истражувачки проекти, размена на студенти,  размена на наставен кадар, како и идно создавање програми за заеднички или двојни дипломи, Универзитет Американ Колеџ Скопје е горд на остварената соработка со City College of New York и на новопоставената заедничка платформа за иден раст, можности и иновации.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново