Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски се кити со туѓи перја, Епсотех е инвестиција што ја обезбеди претходната влада

“Некој се кити со туѓи перја и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја, и тоа пред да се финализирани сите процедури, реагираше на социјалните мрежи Фатмир Битиќи, пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер задолжен за координација со економските ресори и за странски инвестиции, откако Мицкоски објави дека дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра.

Битиќи посочува дека инвестицијата не била објавена затоа што се чекало да се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка со Епсотех, но, сепак, изразува благодарност што Мицкоски и новата влада ги прифатиле инвестициите што ги обезбеди претходната влада.

„Благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период“, напиша Фатмир Битиќи .

Работа, а не PR, е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува, вели во својата објава на социјалните мрежи пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер задолжен за координација со економските ресори и за странски инвестиции Фатмир Битиќи.

Битиќи уште информира декла заедно со EPSOTECH има уште 6 други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста и дека од принципиелни причини и изборниот процес не биле обзнанети.

Најверојатно Мицкоски и тие ќе ги прогласи за инвестиции што ги „одработила“ неговата партија.

Зачлени се на нашиот е-билтен