Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гран при за КУД „Јане Сандански“, а Гајдата на Пеце за Здравко Андонов од Ињево, Радовишко на фестивалот „Пеце Атанасовски“

Здравко Андонов од село Ињево
Здравко Андонов од село Ињево

Искусниот гајдаџија Здравко Андонов од село Ињево, Радовишко е годинашниов добитник на Гајдата на Пеце која ја доделува општина Долнени  како најдобар изведувач, а Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“ од Неготино е добитник на Гран при наградата на 50. јубилеен Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој се одржуваше во Прилеп и на Рудина, Долнени.

Фестивалот додели и 6 награди-гајдарки, 10 статуетки и 50 плакети на истакнати учесници. Жирито кое одлучуваше го сочинуваат истакнати фолклористи: професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и доцент д-р Стојанче Костов.

На Фестивалот учествуваа преку 250 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија. По 13-ти пат се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, а беа промовирани и зборникот на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“, како и монографијата за 50-годишниот јубилеј на Фестивалот „Непресушен извор-за навек“.

Фестивалот во петокот го отвори дефилето на 50 гајдаџии во центарот на Прилеп, а втората фестивалска вечер се одржа синоќа на Рудина, Долнени. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново