Се очекува премиерот Кирјакос Мицотакис да го покрене прашањето за Северна Македонија и почитувањето на Договорот од Преспа на Самитот на НАТО во Вашингтон, пишува денеска грчки Катимерини.
Неупотребата на уставното име од страна на новото раководство на Северна Македонија, како што предвидува Договорот од Преспа, но и општиот став на премиерот и претседателот на земјата, кои повеќе од неколку пати тврдеа дека земјата ќе се вика „Македонија“ на внатрешен план предизвика остра реакција на Атина, пишува катимерини.
Мицотакис во две интервјуа најави дека ќе го покрене ова прашање пред НАТО, предупредувајќи дека односот на соседната земја става кочница на нејзиниот европски пат. Мицотакис од вчера е во Вашингтон и ќе остане до петок со полна секојдневна агенда.