Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукаревска: Договорот со Бехтел и Енка беше исторски криминал за ДПМНЕ, а сега истиот ќе го реализираат

Додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, за договорот со Бехтел и Енка, на големо кажуваа дека е историски криминал и дека е штетен. Се држеа и пресови, се одеше на терен, се крена голема прашина. Но, сега владата на Христијан  Мицковски ќе го реализра истиот договор со Бехтел и Енка.

Сè што зборуваа падна во вода, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во дебатната емисија 24 Анализа.

-Ако тоа било исторски криминал за кој обвинуваше ДПМНЕ  и според нив се работело нелегитимно, како тоа истиот Договор го реализираат?, додаде таа.

Лукаревска се осврна и на Преспанскиот договор, за кој рече дека благодарение на одлуките на СДСМ, денес Македонија е рамноправна членка на НАТО алијансата.

-Благодарение на тој Преспански договор, во Вашингтон е сегашниот премиер и Владата како дел од НАТО самитот. А целата  кампања на ДПМНЕ се движеше во делот на преговарачката рамка и Преспанскот договор и ветуваа на граѓаните дека ќе ги менуваат. Денеска велат дека Преспанскиот договор е нашата реалност. СДСМ носеше државнички одлуки и ова е потврда за исправноста на тие одлуки, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Зачлени се на нашиот е-билтен