Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повторно исчезна македонското знаме, во кабинетот на Таравари само албанското

Откако на првата координација на алабанските министри во Владата немаше македонско туку само албанско знаме, сега праксата продолжува и по кабинетите на министрите.

Денес во објавата на Арбен Таравари на социјалните мрежи, може да се види дека во неговиот кабинет има место само за албанското, американското и знамето на ЕУ, но никаде го нема македонското знаме.

Употребата на знамињата беше едно од главните прашања кои ВМРО-ДПМНЕ често ги покренуваше во јавноста и ја напаѓаше СДСМ. На првиот скандал во новата Влада, кога не беше поставено македонското знаме се огласи и Максим Димитриевкси од ЗНАМ заканувајќи се дека ќе ја напушти Владата ако повторно се случи ваков инцидент. Но, тогаш и Касами и Таравари жестоко му реагираа порачувајќу му дека изборната кампања е завршена на што ЗНАМ повеќе не искоментира.

Сега е прашање дали оваа пракса која повеќе од јасно ќе се повторува ќе биде повторно повод за превирања во коалицијата. Се чини дела албанските партии продолжуваат со својата пракса без да се загрижат на пораките од своите коалициони партнери.

Зачлени се на нашиот е-билтен