Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Филипче: Кредитот е неповолен, станува збор за политичко заложништво кон Унгарија

Гледано од економски аспект кредитот од 500 милиони евра воопшто не е поволен, владата на СДСМ обезбедувала кредит со камата од 1,6% во споредба со сегашните над 3%, не станува збор економски бенефит туку за политичко заложништво, вели во изјава за Дојче Веле претседателот на СДСМ, Венко Филипче. 

-Од економски аспект гледано овој кредит воопшто не е поволен. Владата на СДСМ во изминатиот период даде кредит кон стопанството од 150 милиони евра преку Европската банка за развој и тој кредит беше со каматна стапка од само 1,6%. Во споредба со овој којшто се нуди со каматна стапка од над 3% и очигледно некои скриени трошоци кои допрва ќе излезат на виделина. Во ова смисла не станува збор за некаков економски бенефит туку за политичка одлука. И јас сум навистина загрижен дека станува збор за една форма на политичко заложништво кон Унгарија и директно од Виктор Орбан.

Очигледно е дека тој сака да стане патрон на Христијан Мицкоски. Да потсетам дека неговата партија е исфрлена од европското семејство ЕПП и сега таа партија од Унгарија соработува со партиите на радикалната десница. Стравувам дека под диктат на Виктор Орбан такви политики Христијан Мицкоски ќе почне да имплементира тука кај нас, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски успеа за многу кратко време да застрани од стратешките позиции на државата кои се градени со децении наназад. 

-Овој кредит што очигледно е договорен во четири очи, кредит од 500 милиони евра од Унгарија, отвора многу прашања, а најважното од сите е во која насока ќе се движи земјава во следниот период. Во ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ја сменија плочата истите тие луѓе кои цела година наназад, зборуваа дека земјата е презадолжена сега го дополнително го оптоваруваат долот со 500 милиони евра, и најинтересно од се е дека очигледно преговарале за зголемување на долгот во истиот период, додека критикуваа дека земјава е презадолжена. На површина излегува нивното лицемерие и очегледно е дека ги изневеруваат граѓаните, потенира претседателот на СДСМ, Венко Филипче за Дојче Веле.

Зачлени се на нашиот е-билтен