Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Унгарската „4иГ“ е закана за Македонија, соработува со кинеската „Хуавеи“, тврди Бектеши


Унгарската компанија 4iG, која нелегитимната влада ја промовира како нов мобилен оператор, има договор за соработка со кинеската компанија Huawei за нов облак во собирањето податоци, реагира поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши по информациите од Владата дека унгарската компанија е заинтересирана за влез на пазарот на мобилни оператори во Македонија.

Бектеши истакнува дека оваа компанија претставува ризик за критичната инфраструктура и стратешките партнери на земјата, бидејќи има врски со кинеската компанија „Huawei“.

Во писмото со намери за кое Владата информираше дека пристигнало завчера, се наведува дека „4iG Групацијата“ е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ-систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот вселенска и одбранбена индустрија.

Се наведува и дека „4iG Групацијата” изразила интерес за анализа на условите за влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија и нудење услуги во мобилната и фиксната телефонија. Ваквата иницијатива, се додава, е усогласена со стратегијата на „4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан.

За интересот на унгарскиот оператор за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава веќе информираа од Министерството за транспорт по минатонеделната официјална посета на Николоски на Будимпешта, во рамките на која се сретна со претседателот на „4iG Групацијата”, Гелерт Жасзаи.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) смета дека со поголема конкуренција на пазарот, ќе пониски цени на услугите, во контекст на најавата за влез на трет мобилен оператор.

Зачлени се на нашиот е-билтен