Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсен 26-годишен Сириец, кој признал дека го извршил нападот со нож во Солинген

Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети.

Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф.

Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи завчера вечер на фестивал по повод одбележувањето на 650-годишната од постоењето на градот. ИСИС не објави никакви докази за своето тврдење. Во минатото, многу пати ИСИС лажно преземаше одговорност за злосторства. Сега се чека разузнавачките служби да проценат дали тоа е точно тврдење.

Пред да биде уапсен властите синоќа соопштија дека осомничениот е поврзан со засолниште за бегалци во Солинген, во кое била извршена рација.

Регионалниот министер за внатрешни работи Херберт Реул изјави дека полицијата го уапсила „вистинскиот осомничен“. Германските медиуми синоќа јавија дека мажот и се предал на полициската патрола, а неговата облека била крвава и валкана.

Зачлени се на нашиот е-билтен