Политичките затворенички во Иран одржуваат неделни протести против смртната казна. Нивниот упорен активизам продолжува и покрај зголемената репресија.
Затворената иранска активистка за човекови права и добитничка на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади беше брутално претепана од чуварите во озлогласениот затвор Евин во Техеран, според семејството и адвокатот на Мохамади. Мохамади и другите затворенички, наводно, организирале протести против смртната казна во вторник, 6 август, кога затворските власти насилно ги растуриле демонстрациите.
„Сите затвореници имаат право на слобода на изразување и мирен протест и не смеат да бидат брутално тепани поради ова“, изјави за Дојче Веле сопругот на Мохамади, Таги Рахмани, кој потврди дека инцидентот се случил.
За време на нападот, наводно, неколку затворенички изгубиле свест. Иако некои повредени жени биле преврзани по прегледот од затворскиот лекар, на нив им беше одбиена соодветна медицинска нега.
Маи Сато, специјален известувач на ОН за состојбата на човековите права во Исламската Република Иран, изрази загриженост за Мохамади и за нејзините колеги затвореници. Сато изјави за ДВ дека таа и другите експерти на ОН за човекови права побарале итно ослободување на Мохамади. Сато, исто така, барале Мохамади и другите жени да добијат соодветна медицинска нега.
Иранските затворски власти, во меѓувреме, негираат дека затворските чувари физички малтретирале затворенички.
Мохамади беше осуден на десетгодишна затворска казна за мирните протести за човекови права, вклучително и за укинување на смртната казна во Иран. Активистката има здравствени проблеми и боледува од болест на срцевите садови. Овој здравствен проблем е забележан во нејзината медицинска евиденција, вели сопругот на Мохамади, кој живее во егзил во Париз со нивните 18-годишни деца Киана и Али Рахмани.
Близнаците го напуштиле Иран во 2015 година и оттогаш не ја виделе својата мајка. Тие не го слушнале гласот на нивната мајка веќе девет месеци, бидејќи иранските затворски власти го негираат правото на Мохамади да телефонира.
„Наргес и другите храбри политички затвореници во Иран водат кампања за просветлување на општеството“, изјави за ДВ почесниот претседател на Меѓународната федерација за човекови права (ФИДХ), Абдолкарим Лахиџи. „Тие се трн во окото на безбедносниот апарат и властите се обидуваат да ги скршат“, рече шефот на организацијата, основана во 1922 година.
Лахиџи, кој работи во Париз, поминал повеќе од пет децении како дел од кампањата за човекови права во Иран.
„На политичките затвореници и на активистите за човекови права во Иран им е потребна нашата солидарност“, изјави Лахиџи за ДВ. „Ги повикуваме независните организации да ги истражат инцидентите во иранските затвори и да ги повикаат одговорните на одговорност.
Лахиџи и 42 други активисти и организации за човекови права објавија отворено писмо во кое изразуваат солидарност со жените политички затвореници во Иран во неколку европски весници, вклучително и францускиот дневен весник Либерасион и германскиот дневен весник Тагесшпигел во понеделникот, 19 август. Тие повикаа на прекин на репресијата и меѓународна истрага.
Околу 70 жени од различни вери и генерации моментално се затворени како политички затвореници во затворот Евин во Техеран.
„Овие жени се уапсени и неправедно затворени затоа што се залагаат за слободата и човековите права во Иран“, се наведува во писмото.
Затвореничките веќе неколку месеци протестираат против смртната казна во Иран секој вторник. Минатата година, според организацијата за човекови права Амнести интернешенел, во Иран беа егзекутирани 853 луѓе – најголем број од 2015 година. Смртни казни продолжија оваа година, со најмалку 274 егзекуции извршени во првата половина на 2024 година, според организациите за човекови права. Една од последните познати егзекуции се случи на 6 август, истиот ден кога протестот на жените беше брутално задушен во затворот Евин. Тие протестираа против егзекуцијата на Реза Расаи, припадничка на иранското курдско малцинство, која беше убиена во затворот Дизел Абад во провинцијата Керманшах.
Расаеи, 34-годишната девојка била уапсена во текот на националните протести „Жена, живот, слобода“ во Иран. Протестите поради смртта на Џина Махса Амини на 16 септември 2022 година. Младата жена почина во полициски притвор откако беше уапсена и претепана поради непочитување на законот за задолжителен хиџаб во Иран.
Расаи и десет други демонстранти беа обвинети за вмешаност во убиството на припадник на иранските безбедносни сили, тврдење кое Расаи постојано го негираше. Ниту Расаи, ниту нејзиното семејство и правниот советник не биле информирани за нејзиниата егзекуција, вели Амнести Интернешенел.
Текст и фотографии на превземени од Дојче Веле