Последната електрана на јаглен во Велика Британија ќе биде затворена овој месец, со што ќе заврши 140-годишното користење на горивото за производство на електрична енергија.
Првата електрана на јаглен во светот е изградена во Лондон во 1882 година, а Велика Британија ќе стане првата земја од Групата седум најразвиени економии (Г7) која ќе го елиминира јагленот од производството на електрична енергија.
Термоелектраната во Нотингемшир ја доби последната пратка гориво во јули, а нејзините котли, кои достигнуваат температури од 1.000 Целзиусови степени за време на работата, сега се студени.
Во 1990 година, јагленот сè уште беше извор на поголемиот дел од електричната енергија во земјата, но постепено беше заменет со гас и обновливи извори на енергија.
Сега две третини од електричната енергија во земјата се произведува од обновливи извори, а остатокот се произведува од нуклеарна и биоенергија.