Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И Мицкоски во Хрватска на средбата со Милановиќ се сликаше без македонското знаме

Повторно се брануваат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија откако средбата Сиљановска – Радев во Софија,  која требаше да биде ново поглавје во македонско-бугарските односи, се претвори во фијаско на двајцата претседатели бидејќи направија протоколарна фото-сесија на која отсуствуваше македонското државно знаме.

Случајот прерасна во дипломатски скандал, а македонското МНР најави дека денеска (понеделник 16.09.2024) ќе го повика бугарскиот амбасадор, а потоа пак соопштија дека нема да го прими.

Но на 29 август и премиерот Христијан Мицкоски кој беше во официјална посета на Хрватска со претседателот Зоран Милановиќ во Загреб се сликаше без македонското знаме.

Тој тогаш изрази убеденост дека вредностите кои пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека „нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија“.

Исто како и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски како и министерот за култура Зоран Љутков кои на средбите со бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот министер за култура, Најден Тодоров во петокот се фотографираа и на официјалните профили и соопштенија, објавија за средбите, и тој објави фотографии од официјалната средба без присуство на македонското знаме.

– Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Зачлени се на нашиот е-билтен